7.8 C
Скопје
17:47 - 19 февруари, 2026

Шенон Доерти со потресна исповед: Сопругот ја изневерувал додека се борела за живот, шокантно признание пред тешка операција

Сопругот на актерката призна дека ја изневерил во пресрет на сериозна операција.

52-годишната актерка, позната како Бренди Волш во серијата „Беверли Хилс“ или Пру Галивел во серијата „Сите жени се вештерки“, Шенон Доерти призна дека се развела од третиот сопруг Курт Исвариенко. Според People, актерката официјално ја прекинала врската по 14 години брак во април 2023 година.

Ова се случило во пресрет на сериозна операција на мозокот. Тогаш Курт решил да ѝ признае на актерката дека две години е во врска со друга жена. Сепак, сакал да биде таму, за време на операцијата, и да ја поддржи. Меѓутоа, Доерти се чувствувал изневерена и го одбила. Затоа, за време на операцијата, покрај неа биле нејзините најблиски роднини – нејзината мајка, брат и многу блиски пријатели.

„Се чувствував целосно несакана од личноста со која бев 14 години, личноста што ја сакав со целото мое срце“, признала актерката.

Исповедта на мажот толку многу ја навредила актерката што решила да дознае сè за неговата афера. Дури дошла до точка кога се запознала со новата избраничка на Крут.

Актерката призна дека трите брака што ги имала биле неуспешни. Познато е дека од 1993 до 1994 година, актерката беше во брак со Ешли Хамилтон. Осум години подоцна таа имаше втор обид со Рик Саломон. Парот исто така остана во брак само една година. Врската со фотографот Курт Исваренко беше најдолгата во животот на актерката.

Да потсетиме, Шенон Доерти, која 8 години се бори со ракот, неодамна проговори за болеста која се проширила на нејзините коски.

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо
Се вчитува....