7.8 C
Скопје
23:05 - 31 март, 2026

Шемса Суљаковиќ со емотивна објава за Весна Змијанац: „Се надевам дека наскоро ќе те видиме на сцената, каде што припаѓаш“

Пејачката Весна Змијанац, на која неодамна ѝ беа вградени три стента, сè уште се наоѓа на болничко лекување. По тој повод, нејзината колешка Шемса Суљаковиќ јавно ѝ упати порака за поддршка преку социјалните мрежи, посакувајќи ѝ брзо закрепнување.

Шемса истакна дека со нетрпение очекува повторно да ја види Весна на сцената, „таму каде што ѝ е местото“.

„Драга Весна, ти посакувам брзо и успешно закрепнување. Се надеваме дека наскоро повторно ќе те видиме на сцената, таму каде што припаѓаш“, напиша таа покрај фотографија од Змијанац.

Да потсетиме, пејачката пред неколку дена беше примена во Ургентниот центар, каде што беше задржана на дополнителни испитувања, по што следуваше и оперативен зафат. Според информациите што ги пренесоа медиумите, ѝ биле вградени три стента.

Интервенцијата, според неофицијални извори, поминала успешно, а Змијанац ќе остане под лекарски надзор и во наредните денови, со цел внимателно да се следи нејзиното закрепнување и навреме да се спречат евентуални компликации.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....