-0.2 C
Скопје
10:09 - 17 декември, 2025

(Фото) Шеф Боби си замина од „Брза кујна“, Сања ги соопшти деталите

Шеф Боби или Бобан Симоновски си замина од „Брза кујна“, едно од најпопуларните наши ТВ шоуа кое се емитува на „Сител“.

Деталите за заминувањето на Боби ги објави водителката на кулинарското шоу, Сања Савеска на нејзиниот инстаграм-профил, и откри кој ќе го замени.

– Шеф Зоки Мајно од денес ја превзема улогата на шеф во тимот на пиперките, сѐ додека шеф Боби не ни се врати во најдобра форма“, напиша Сања и објави фотогрфија со шефовите Никола и Зоки.

 

Фото/ Инстаграм

Но, и готвачот Боби пред извесно време објави дека ќе биде само гледач на „Брза кујна“ и нема да се појавува во шоуто.

– Супер почнавме, но за беља навистина требало малку… Едно мало невнимание и сега и јас сум гледач на „Брза кујна“. Но со Господ напред за брзо ќе се вратам таму каде што ми е најубаво, во зелената кујна и тимот на пиперките.
Голема благодарност за доктор Гавриловски и целиот тим кој несебично ми помогнаа и на сите кој ме дадовте поддршка и сте со мене.
Чувајте се и се гледаме наскоро повторно во акција за 20 минути да готвиме заедно. Во меѓувреме, тимот на „Брза кујна“ продолжува со снимање благодарение на нашиот пријател Мајно, кој ќе го води тимот на пиперките кон нови победи и предизвици – објави Боби.
Станува збор за повреда на ногата која му се случила на Боби, а на фотографијата се гледа дека е во лонгета. Но, откако ќе се опорави, тој ќе се врати во „Брза кујна“.
Фото/ Фејсбук

 

Слични објави

(Фото) Со длабоко деколте, Елена во Париз позираше како „Емили во Париз“

Еспресо

Весна Змијанац донесе неочекувана одлука: Пејачката откри што ќе прави за Нова година, откако ѝ ставија три стентови

Еспресо

(Видео) Необична случка во „Брза кујна“, Сања ги објави деталите

Еспресо

Биба Додева опцу поради скандалот со внукот: Не го пуштиле да јаде на училиште, а сметката за ужина била платена

Еспресо

„Умеам да бидам безобразен“ – Дарко Лазиќ проговори за проблемите во бракот – „Се работи за незадоволство“

E.A.

(Фото) Новогодишна магија во замокот на Драгана Мирковиќ: Импресивна елка што одзема здив

E.A.
Се вчитува....