21:25 - 31 јануари, 2026

Шарлен од Монако се врати на балконот со Алберт, „Гласини за развод? Само злонамерни невистини“ 

Принцезата се излечи од Ковид и присуствуваше на Корпус Домини, во Кралската палата, заедно со нејзиниот сопруг и малата Габриела: близнакот беше отсутен. „Гласините за развод? Само злонамерни невистини “, рече таа која преку овие јавни настани се обидува дополнително да ги „избрка“ од себе озборувањата.

Шарлен од Монако го прележа коронавирусот, по загрижувачките здравствени проблеми што ги карактеризираа нејзините последни дванаесет месеци. Во едно неодамнешно интервју, тврдеше дека сè уште не закрепнала целосно.

„Моето здравје е сè уште кревко и не сакам да одам премногу брзо“, рече таа.

Враќајќи се во Кнежевството по инфекцијата на респираторниот тракт што ја оддалечи од Европа долго време и ја принуди на различни операции, во мај Шарлен учествуваше прво на Е-при на Монтекарло, потоа на рагби турнирот и на крајот на познатиот Ф1 ГП. Можеби токму на последниот настан се заразила со вирусот.

Сепак, се уште висат во воздух гласините за кавги и недорзбирања со принцот од Монако, кои таа ги демантираше.

„Да зборуваме за мојот развод, за мојот дом во Швајцарија? Жално е што одредени весници продаваат такви невистини за мојата врска, за мојот живот“, негираше принцезата во разговор за дневниот весник Монако Матин. „Алберт ми беше голема поддршка и направи се што можеше за да ме заштити мене и нашите деца. Ние отсекогаш сме биле обединето семејство “.

Каде лежи вистината, не можеме да знаеме. Секако, сепак, озборувањата кои претпоставуваа сенишно бегство на Шарлен се премолчени: принцезата, всушност, се појави до Алберто на балконот на кралската палата по повод прославата на Fête Dieu, или Corpus Domini, една од главните свеченост на литургијата ма католичката црква, закажана во четврток, 60 дена по Велигден, во чест на Евхаристијата.

Носеше темен фустан но и широка насмевка на лицето. Потоа, со крената рака ја поздрави јавноста и фотографите: покрај неа беа принц Алберт и неговата ќерка Габриела (7), додека близнакот Жак не се појави на балконот. Семеен портрет што дополнително ги негира озборувањата.

Слични објави

„Новак не е робот, ова не е само спорт“: Марија Шерифовиќ јавно му се обрати на Ѓоковиќ

Еспресо

(Видео) Жешки пози пред камерата: Рада Манојловиќ без градник го „запали“ интернетот

Еспресо

(Фото) Северина во злато од глава до пети: Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година

Еспресо

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо
Се вчитува....