-0.2 C
Скопје
07:01 - 11 март, 2026

Шакира раскажа како ја жртвувала кариерата за Жерар Пике: „Уметниците не треба да излегуваат со спортисти“

Шакира во новото интервју за Тајмс проговори за тоа како ја жртвувала својата кариера заради врската со фудбалерот и татко на нејзините деца Жерар Пике, која сепак заврши со разделба.

„Долго време ја паузирав кариерата само за да бидам блиску до Жерард и тој да продолжи да игра фудбал. Направив многу жртви заради љубовта“, сподели пејачката, истакнувајќи дека тоа била нејзина одлука , бидејќи верувала дека цел живот ќе биде со Пике, а некој мора да се фокусира на домот и семејството. „Верував во овој сон, сонував за себе и за децата“, рече Шакира.

Таа исто така додаде дека односите меѓу спортистите и уметниците не се добра идеја поради различните погледи за емпатија: „Емпатијата е во сржта на сите уметници. А спортистите постојано се во состојба на борба, тие ја избегнуваат емпатијата по секоја цена“, смета Шакира.

Меѓутоа, кога иновинарот ја праша Шакира дали треба да почне да излегува со свој колега, таа одговори дека се уште не знае што ѝ треба.

Разделбата на Жерар Пике и Шакира стана позната во летото 2022 година. Причината за раскинувањето беше неверството од страна на Пике: тој почна да излегува со нова девојка, Клара Чиа, која е многу помлада од Шакира. Пејачката не ги криеше чувствата за тоа што ѝ се случи, туку јавно зборуваше пред фановите. Таа зборуваше за своите искуства во едно интервју, па дури и сними песна за нејзиниот поранешен партнер и неговата нова љубов, во која изјави дека нејзиното поранешно момче ја заменило за поевтина копија. А неодамна се дозна дека Шакира ќе објави документарен филм за животот „По Жерар Пике“. Новиот албум „Las Mujeres Ya No Lloran“ исто така стана еден вид терапија за уметницата.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....