18.8 C
Скопје
16:04 - 15 март, 2026

Шакира му ја посвети новата песна на Пике? „Ме остави поради својата себичност“

Колумбиската пејачка Шакира конечно го претстави дуетот со Порториканецот Озуна наречен „Монотонија“, а бидејќи песната излезе по раскинувањето со фудбалерот Жерар Пике, сите се прашуваат дали му е посветена нему.

Во спотот Шакира буквално го носи своето срце додека луѓето ја туркаат по улиците, тоа ѝ паѓа од раце и го прегазуваат, а поради стиховите „Не си ти виновен, не бев јас виновна, монотонијата беше виновна“, многумина сметаат дека таа го опишува раскинувањето со фудбалерот.

Текстот на песната понатаму вели: „Одеднаш веќе не беше истиот, ме остави поради твојата себичност, заборави што бевме некогаш“.

Обележувајќи ја првата соработка меѓу Шакира и Озуна, „Monotonia“ ја следи песната на кантавторот „Te Felicito“ со Рау Алехандро, во која таа исто така го „прозива“ својот поранешен партнер и „му честита за одличната изведба што ја натерала да верува дека навистина ја сака“.

„Monotonia“ и „Te Felicito“ се првите песни на Шакира што се појавија по разделувањето со долгогодишниот партнер со кого има две деца, фудбалерот Жерар Пике.

Во интервју за „Elle“, пејачката отворено проговори за раскинувањето, нарекувајќи го тој момент еден од најтешките во нејзиниот живот.

-Останав тивка и се обидов да процесирам сè. И да, тешко ми е да зборувам за тоа, особено затоа што сè уште поминувам низ тоа, и затоа што сум јавна личност и затоа што нашата разделба не е како нормална разделба. Тешко е не само за мене, туку и за моите деца. Неверојатно тешко, беше искрена Колумбијката.

Слични објави

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.
Се вчитува....