09:54 - 13 ноември, 2026

Северина слави 54 години – Роденденската забава започна уште за викендот, вечерва продолжува „на најсилно“

Регионалната музичка ѕвезда Северина Вучковиќ денес го слави својот 54-ти роденден, а судејќи по нејзините објави, славењето е во полн ек веќе неколку дена. Пејачката откри дека роденденската атмосфера започнала уште во саботата, опкружена со најблиските пријатели и семејството.

„Родендените се слават весело и лесно кога имам со кого и кога знам како… Моите пријатели и семејството го слават ‘Севериново’ уште од сабота. Вечерва продолжуваме на најсилно. Им благодарам на сите за прекрасните желби“, напиша Северина во својата емотивна порака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

На фотографиите кои ги сподели на Инстаграм, може да се види празничната торта, а меѓу гостите беа нејзиниот син Александар, внуката Миа Поповиќ, дизајнерката Матија Вуица и многу други долгогодишни соработници.

Северина, која е родена на 21 април 1972 година во Сплит, веќе децении доминира на регионалната поп сцена. Од почетоците во 90-тите со хитовите како „Далматинка“, преку евровизискиот настап со „Моја штикла“, па сè до соработката со Бреговиќ и мега-хитовите како „Италијана“, таа останува една од највлијателните фигури во поп-културата на овие простори.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....