6.8 C
Скопје
10:18 - 21 февруари, 2026

Сестрата на Сандра Булок со емотивна порака за загубата на глумицата: „Убедена сум дека Брај го најде најдоброто место во рајот…“

Гесин Булок-Прадо ги повика следбениците на социјалнте мрежи да донираат пари на Здружението за АЛС и Општата болница во Масачусетс, кои ја проучуваат оваа ужасна болест.

Американската актерка Сандра Булок ја преживува смртта на нејзиниот сакан партнер, фотографот Брајан Рандал, кој почина на 57 години по борбата со амиотрофична латерална склероза, а во оваа борба ја поддржуваат пријателите и семејството. Особено, сестрата на ѕвездата, Гесин Булок-Прадо, која на социјалните мрежи објави спомен на починатиот со трогателна објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gesine Bullock-Prado (@gesinebp)

„Убедена сум дека Брај го најде најдоброто место за риболов во рајот и веќе ја фрла својата мамка во разбеснетите реки со лосос. АЛС е брутална болест, но има одредена утеха во фактот што тој ги имаше најдобрите чувари во мојата неверојатна сестра и група медицински сестри кои таа ги собра и кои и помогнаа да се грижи за него во нивниот дом. Почивај во мир Брајан“, напиша Гесин на Инстагра, и ги повика следбениците наместо цвеќиња да донираат пари на Здружението за АЛС и Општата болница во Масачусетс.

Веста за смртта на Рандал беше гром од ведро небо за многумина, иако неговите блиски знаеја дека тој се борел со АЛС, дегенеративно заболување на централниот нервен систем, три години пред да почине на 5 август.

Според Здружението АЛС, станува збор за прогресивна невродегенеративна болест која се карактеризира со немилосрден напад на нервните клетки, и во мозокот и во ‘рбетниот мозок. Тоа доведува до катастрофално губење на контролата на мускулите што се влошува со текот на времето. АЛС се карактеризира со прогресивно оштетување на моторните неврони, придружено со парализа (пареза) на екстремитетите и мускулна атрофија. Смртта доаѓа од инфекции на респираторниот тракт или откажување на респираторните мускули.

Во моментов нема лек за оваа болест.

 

Слични објави

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо
Се вчитува....