13:32 - 6 април, 2026

Семејството е во шок! 15 дена по операцијата, Весна Змијанац донесе неверојатна одлука

Пејачката Весна Змијанац (68) ја напушти болницата на 15 декември, откако ѝ беше вграден стент, а утре, 25 декември, ќе има настап.

Имено, само 11 дена по напуштањето на болницата и 15 дена по процедурата, Весна Змијанац во четврток ќе пее во еден белградски бар.

Иако на нејзината ќерка, зетот и никому од блиските луѓе не им се допаѓа оваа одлука, Весна одлучи дека сака што поскоро да се врати на сцената.

– Весна одлучи да настапува, иако лекарите ја советуваа поинаку. Секако, нејзиното семејство и најблиските пријатели кои искрено ѝ посакуваат добро не се согласуваат со нејзината одлука, но сите знаеме колку е тврдоглава. Нејзиниот живот е музика, таа се радува на сè – откри пријателката на Весна пред неколку дена.

Силно темпо за Нова Година

Весна Змијанац одлучи да не ги откажува веќе закажаните концерти, туку да продолжи да работи.

Па така таа ќе пее во Нови Сад за Нова Година, а веќе на први јануари во Херцег Нови, и покрај тоа што ѝ беше направена реваскуларизација на артеријата и ѝ беше вграден стент.

Слични објави

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо
Се вчитува....