-3.2 C
Скопје
20:57 - 22 декември, 2024

Секс играчки: најдобри вибратори за слободни жени и парови

Вистинските предмети на желба за 2022 година, еротските играчки од најновата генерација се шарени, дизајнерски, „дреч“ зелени… За поинтересно да биде препуштањето на моментите на задоволство. Сами или во друштво. 

Да почнеме со еден факт: пазарот на секс играчки „лета“ се повисоко и повисоко и повеќе не е табу. Бројките зборуваат сами за себе: во последната година и половина, продажбата на еротски играчки забележала раст + 160%. Магазинот Форбс предвиде дека секторот ќе вреди 122 милијарди во 2024 година. Несакан ефект од пандемијата и социјалното дистанцирање? Можеби. Или можеби, напротив, ефект на новооткриената слобода, сега кога Ковид е помалку застрашувачки, што доведе до споделување и експериментирање на сексуални практики кои повеќе не се само за самци.

Секс играчките имаат се поголем успех

Податоците од студијата спроведена од Durex, исто така, потврдуваат дека линијата за секс играчки доживеа значителен раст во последните две години, регистрирајќи вистински продажен бум во 2020 година од + 82% во споредба со 2019 година, исто така благодарение на продолжениот период на домашна изолација. Што се однесува до профилот на купувачи, ако во 2019 година мнозинството (86%) беа жени, а само 14% мажи, во годината на избувнувањето на пандемијата забележан е пораст на набавките на секс играчки од машките корисници, достигнувајќи 24 % од вкупните купувачи наспроти 76% од жените. Во 2021 година, јазот повторно се зголеми: 80% од купувачите се жени наспроти 20% од мажи.

Несомнено, и важно е да се нагласи, денес дури и областа на интимност е доведена во прашање и потресена од пандемскиот бран: сега повеќе од кога било, со максимално изразување на индивидуализмот и дефицит на физички контакт, заслужуваме задоволство, апсолутно задоволство кое може да се доживее и во осамени и во заеднички моменти.

Сè позабавни и сè пошарени

Денес компаниите за производство на вибратори и други придружни секс играчки се и шампиони во промовирање на боди позитивност и во уривање на табуата за сексуалноста кои отсекогаш биле дел од нашата историја.

За среќа, нешто се менува, имајќи предвид дека тие сега се продаваат дури и во парфимерии. И сè поубави се, шарени и дизајнерски, за да го разбијат срамот и скромноста што денес веќе нема смисла да го негуваме кога е во прашање (интимното) задоволство.

Вибраторот на Гвинет Палтору

Во САД, по Гвинет Палтроу (која неодамна преку енјзината фирма лансираше во продажба  револуционерен вибратор со двојна употреба и 64 брзини), актерката Дакота Џонсон исто така излезе на „терен“, станувајќи креативна директорка на Maude, еден од најкул брендови во моментот. Брендовите како Diego Dalla Palma или Diesel ги здружија силите со LELO, лидер на пазарот на секс играчки. Така, Диего Дела Палма лансираше кутија со маскара MyHappyToy и најпопуларната секс играчка досега од еротскиот бренд, SONA™, специјално за масажа на клиторисот. LELO во соработка со модниот бренд Diesel лансираше специјална едиција секс играчки(на 6 април, а достапни во продажба на lelo.com, diesel.com и избрани водечки продавници на Diesel ширум светот), вистински покана до луѓето да се потпрат на нивната сексуалност, да експериментираат и слободно да ја изразат својата индивидуалност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diesel (@diesel)

 

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....