6.8 C
Скопје
08:56 - 1 април, 2026

Се зголемува притисокот од палатата: Кејт Мидлтон нема време за најважното

По смртта на кралицата Елизабета Втора, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ги презедоа титулите принц и принцеза од Велс, а со тоа добија и дополнителни кралски должности, па распоредот сега им е многу зафатен. Имено, откако зедоа две недели одмор за да поминат малку време со нивните три деца, тие се вратија на својот работен распоред кој никогаш не бил „побогат“.

Извори блиски до палатата тврдат дека ситуацијата е особено тешка за Кејт, која не е навикната да се разделува од нејзините три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

Кејт поминуваше многу повеќе време со своите деца, но откако нејзиниот сопруг стана официјален престолонаследник, поради пребукираниот распоред едвај ги гледа, особено во работните денови од неделата, па тие се оставени на милост и немилост на дадилките.

Палатата бара од Вилијам и Кејт 90 отсто од неделата да патуваат низ Велика Британија, а Кејт се чувствува изгубено бидејќи нема контакт со своите деца. Поради тоа таа му поставила ултиматум на Вилијам и го убедила да ги земат последните две недели за одмор за да бидат сами дома со децата.

-Принцезата се чувствува како да го губи тлото под нозете. Откако кралицата почина, Кејт и Вилијам имаат многу обврски, а ситуацијата им паѓа тешко зашто имаат три мали деца кои бараат целосно внимание, а моментално не го добиваат, велат извори блиски до Бакингемската палата.

Она што го знаеме е дека Кејт и Вилијам во моментов се многу посветени да најдат решение за оваа несреќна ситуација што ги оддалечи од нивниот семеен дом. Вилијам особено смета дека е многу важно како татко на своите деца да биде активно присутен во нивните животи.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....