09:36 - 6 април, 2026

Се спакував да си одам четири пати: Исповед на Тијана Дапчевиќ за бракот

Не било сѐ мазно. Тијана Дапчевиќ раскажа детали од бракот со Милан Дапчевиќ кои досга ги нема кажано во јавноста.

„Не знаев каде ‘удирам’ кога имав 24 години и реков: ‘Кога ќе се венчаме? Заедно сме 3 месеци, дали си нормален?’. Тој веднаш одговори: ‘Нема проблем, сакаш во април?’.

Беше многу романтично, бевме на мотор, се возевме од Сомбор до Бездан, пливавме на Дунав, а потоа го прашав, и од самиот почеток, од времето кога почнавме да се забавуваме, почнавме да живееме заедно. По шест месеци, се венчавме“, рече пејачката за „Хелоу магазин“ и додаде дека ужива во бракот со својот сопруг полни 25 години.

Тијана и раскажа за моментите кога не било сѐ мазно, поради нивните кавги.

„Секако дека имаше кризи, затоа што јас бев позната по тоа дека сум темпераментна, дека пламнувам. Се имам спакувано едно четири пати. Ќе се случи некоја расправија, глупост, и јас се пакувам“, рече Тијана.

Потоа, ја искоментира наводната афера на Милан Дапчевиќ со келнерка.

„Не се спакував тогаш,  знаевме дека сè е измислено“, вели Тијана.

Слични објави

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо
Се вчитува....