22:51 - 8 април, 2026

„Се слушнав со него малку пред смртта“: Салаѓана Мандиќ ја прочита последната порака од Сашa Поповиќ – „Ќе ја чувам засекогаш“

Пејачката Слаѓана Мандиќ стана позната во 2012 година преку натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, а како што откри пред нашите камери, од самиот почеток имала голема поддршка од Лепа Брена и од Саша Поповиќ.

„Брена е вистинска дама и голема личност. Таа беше моја поддршка од самиот почеток. Беше присутна на мојата прва промоција во Белград во 2018 година. Бев нејзин гостин во два нејзини спота, а минатата година бев гостинка на нејзиниот концерт во Тузла. Таа ми е идол, еден од моите идоли, една единствена, најголема. Благодарам за сè и можам само да се угледам на нејзината кариера и да ѝ завидувам во позитивна смисла. Такви кариери веќе нема, но се обидувам да го следам нејзиниот пат и да бидам професионална и сериозна“, откри Слаѓана за српски „Телеграф“.

Таа откри и дека Брена не ѝ подарувала фустани како на некои други колешки, но ѝ давала вредни совети.

Последната порака од Сашa Поповиќ

Слаѓана се присети и на Саша Поповиќ, кој почина во март оваа година, откривајќи ја и последната порака што ѝ ја испратил малку пред смртта.

„Саша, покрај Брена, беше мојата најголема поддршка. Ме пречека срдечно во Гранд, ми даваше совети, сугерираше што да пеам во емисиите, како да се облекувам, ме мотивираше да бидам активна, да се разбудам. Тогаш немаше толку големо значење што мисли жири, туку гласаше публиката. Ми рече дека имам сè потребно за да станам голема ѕвезда и ми посака среќа. Жал ми е што замина прерано“, изјави таа.

Слаѓана додаде:

„Со Сузана се видов последен пат на погребот. Морам да кажам дека се слушнав со Саше малку пред смртта и ми е драго што ме одговори онака во море од пораки. Таа порака ја чувам засекогаш. Му напишав: „Драг директоре, знам колку е тешка и сурова таа болест, но знам дека сте силен. Последната надеж умира и сакам ова да го надминете“, а тој ми одговори само: ’Благодарам моја Слаѓо.‘“

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот пентхаус на Саша Ковачевиќ од половина милион евра: Има кралска бања, Ѓоковиќ му е сосед

Еспресо

Луна Ѓогани откри зошто не ги поканила Весна и Ѓоле на роденден: „Ова е вистинската причина“

Еспресо
Се вчитува....