11.8 C
Скопје
19:05 - 3 март, 2026

Сè што досега се знае за тајните планови на крунисувањето на Чарлс Трети: Овие традиции ќе бидат прекршени

Има помалку од десет недели до важниот настан за Британците, крунисувањето на кралот Чарлс Трети. Светот ќе застане за миг за крунисувањето на монархот и кралицата Камила. Некои од клучните детали се веќе објавени.

Се разбира дека принцот Џорџ ќе има голема улога во крунисувањето на неговиот дедо. Но, деветгодишното момче не е единственото кралско момче кое е во центарот на внимание. Петте внуци на Камила, ќе бидат дел од церемонијата заедно со постариот син на Чарлс Трети, принцот Вилијам.

Листата на гости е веќе спремна, на настанот се очекува да присуствуваат голем број странски кралски членови, лидери и високи претставници на различни држави. Принцот Хари и Меган Маркл се официјално поканети на церемонијата, но потврдата за тоа дали ќе присуствуваат на настанот или не, се уште не е дојдена.

Принцот Алберт од Монако и принцезата Шарлин беа првите странски членови на кралско семејство кои потврдија дека ќе присуствуваат на крунисувањето.

Повеќе од 8.000 гости присуствуваа на крунисувањето на кралицата Елизабета Втора во 1953 година. Но, се очекува да дојдат околу 2.000 луѓе на ова крунисување.

Проблем се уште претставува забавниот дел на програмата. Надежите беа на Елтон Џон, но и тој веројатно нема да настапи. Организаторите на големиот концерт на “Неговото Височество” во замокот Виндзор на почетокот мислеа дека лесно ќе биде да се ангажираат популарни музичари, но ова испадна најтежок дел. Следуваа голем број одбивања. Сер Елтон Џон и Спајс Грлс се приклучија на листата на оние кои нема да можат да дојдат, а нема да дојдат ни Хари Стајлс, Ед Ширан, Адел и Роби Вилијамс, сите се изјаниле со „не“ поради нивните преполни распореди.

Оние кои очекуваа долга церемонија, каква што гледаа 27 милиони луѓе пред речиси 70 години, ќе бидат разочарани. Се очекува дека крунисувањето на Чарлс Трети нема да биде во толку голем обем и ќе трае доста пократко. Тричасовното крунисување на кралицата Елизабета Втора беше првото што се емитуваше на телевизија. Се очекува претстојното крунисување да трае околу еден час.

Британскиот крал Чарлс Трети и неговата сопруга Камила одбија да ја користат познатата 260-годишна кочија Голд Стејт за да стигнат на церемонијата на крунисувањето. Кочијата традиционално, се користеше за крунисување на нов монарх, носејќи го од Бакингемската палата во Вестминстерската опатија. Но веќе е известено дека за таа прилика е избрано друго возило.

Елизабета Втора ја искористи кочијата Голд Стејт за да стигне на нејзиното крунисување во 1953 година. Но, подоцна, во 2018 година, таа призна дека патувањето било „страшно“ бидејќи кочијата од 1762 година има слаба амортизација и тресењето на патот е многу забележливо.

Слични објави

(Фото) „Помогнете ми“: Чомбе од „Луд, збунет, нормален“ откри дека си има мака со член на семејството

Еспресо

(Фото) Лора го носи презиметои на мајка си, Турунџиева: Сузана сподели приказна за ќерката со посебен повод

Еспресо

(Фото) „Летот е откажан, до понатамошно известување сме тука и се молиме“: Познатиот Србин се огласи од Дубаи

apostolova

(Видео) Јелена Карлеуша го нападна Јаков Јозиновиќ: Тоа е „будалаштина“ и шизофренија

Еспресо

(Фото) Спасен Силјановски на одмор, ужива во убав спа центар со семејството

Еспресо

Џастин Тимберлејк со тужба против објавување на снимката од апсењето за возење под дејство на алкохол

Еспресо
Се вчитува....