5.8 C
Скопје
03:37 - 31 март, 2026

Се самоуби позната глумица: Го обвини Жерар Депардје за силување, па скокна од мост

Актерката Емануел Дебевер почина на 7 декември, истиот ден кога беше покрената дополнителна истрага за Жерар Депардје, кого го обвини за сексуално насилство.

принтскрин

Дебевер јавно го обвини познатиот актер во 2019 година преку социјалната мрежа Фејсбук, а нејзината смрт покрена многу прашања и предизвика интерес во јавноста.

Според француските медиуми, партнерот на Емануел Дебевер пријавил во полиција дека излегла од куќата и оставила „вознемирувачка порака“. По истрагата на полицијата било откриено дека жената која скокнала од мостот Сена е всушност актерката. Пожарникарите ја извлекле од водата и се обиделе да ја реанимираат, но таа починала во болница на 7 декември.

Обвинителството соопшти дека е покрената истрага за причините за смртта и околностите кои довеле до неа, особено имајќи го предвид фактот дека Дебевер јавно се пожали на недоличното однесување на Жерар Депардје. Оваа ситуација дополнително ги расветлува обвинувањата против Депардје и го наметнува прашањето дали нејзиното самоубиство е поврзано со случајот за кој бруи цел свет.

– Тоа што оваа актерка се пожали на недоличното однесување на Жерар Депардје што беше споменато во тој период во медиумите, особено по објавата на Фејсбук во 2019 година, во согласност со овие елементи, покрената е истрага за причините за смртта и околностите кои довеле до смртта – соопштија од локалното обвинителство.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....