6.6 C
Скопје
04:03 - 1 април, 2026

Се разочарала, па сопругот ја искарал: Кате од „Нели ти реков“ ја отвори душата

Искрено приказна за својто сопруг раскажа пејачката Катерина Танева, позната како „Кате – Нели ти реков“, една од нашите најдобри и најпочитувани женски вокали.

– Кога ќе се разочарам, тој е тука да ме смири, да ме искритикува, па понекогаш и да се скараме, затоа што тој поинаку ги гледа работите. Во еден период, јас се разочарав од музичката состојба кај нас, но тој е тој што „со карање“, како што се вели, ме тера да продолжам понатаму – раскажала пејачката.

Во една прилика, за „Слободен печат“ таа ја открила нивната љубовна прикзна и рекла дека тој ја следи на речиси сите настапи како голема поддршка.

– Сопругот го запознав кога имав 18 години и седум години бевме во врска, еве 27 години сме во брак. Тој е со мене на многу мои гостувања и настапи и затоа многумина мислат дека тој е музичар, а всушност, не е поврзан со музика.

Тој ми беше прво голем обожавател, а потоа ми стана љубовен партнер и сопруг. Јас претходно пеев во група „Дејзи“, пеев поп-музика со нив. Тој ги имал нашите касети, ми го слушал гласот и во неговиот автомобил се вртеле само песните од група „Дејзи“.

Тој прво бил вљубен во мојот глас, па по некоја случајност, мој школски другар нѐ запозна со него и кога се запознавме, не му се веруваше дека таа личност којашто ја слуша во автомобил сум токму јас – се присетила Кате и рекла дека има среќа што има најголема поддршка од сопругот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....