16:52 - 6 април, 2026

Се огласи полицијата на Сараево: Познати сите детали од инцидентот за кој Аца Лукас тврди дека сакале да го убијат

Полицијата во источно Сараево го уапсила Н. М. од Пале поради сомнение дека на 11 јануари во Пале, со автомобил „пасат“ повеќепати удрил во задниот дел од возилото „ренџ ровер“, во кое се наоѓале српскиот фолк пејач Аца Лукас и неговиот возач.

Од полициската управа во Источно Сараево соопштиле дека споменатото лице е обвинето за предизвикување општа опасност и оштетување и одземање туѓи работи. Како што се дознава, во автомобилот „ренџ ровер“ била пејачот Аца Лукас.

– Лицето Н. М. се сомничи дека со употреба на моторно возило, односно управувајќи со возило „пасат“, сопственост на правно лице од Пале, на 11 јануари, на делницата од магистралниот пат Љубогошта – Подроманија, општина Пале, повеќепати стапил во контакт со предниот дел од возилото со задниот дел од возилото „ренџ ровер“, сопственост на правно лице од Подгорица, во кое се наоѓале возачот Ј. Ј. и лицето А. В. државјанин на Србија. Споменатиот на овој начин предизвикал кај лицата во „ренџ роверот“ чувство на загрозеност, како и оштетување на возилото – се вели во официјалното полициско соопштение.

 

 

Слични објави

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin
Се вчитува....