12.8 C
Скопје
15:00 - 24 март, 2026

Се огласи менаџерот на Ана Николиќ: „Семејството мора да ја смести на психијатрија, таа е сериозно болна жена…“

Саша Мирковиќ веќе неколку дена е во јавноста поради конфликтот со Ана Николиќ. Прекинот на соработката, како и валканиот веш кој со денови го тресе регионот, предизвика хаос меѓу колегите и јавноста.

Николиќ во неколку наврати се закануваше дека ќе поднесе тужба поради одредени обвинувања, а видеото од нејзиното изобличено лице ги згрози сите, поради што Саша Мирковиќ беше ставен на столбот на срамот.

Во споменатото видео пејачката му се обраќа и моли за помош бидејќи во џебот има само 100 динари.

По осудите и шпекулациите, нејзиниот поранешен продуцент и менаџер се огласи и напиша:

Сите ме прашуваат зошто дозволив да се објави снимката на Ана. Еве јас да одговорам. Затоа што некој треба да стави крај на нејзината лудост и бандата наркомани околу неа. Семејството мора да ја смести во психијатриска установа на лекување и да не дозволува луѓето да се потсмеваат на нејзината состојба на социјалните мрежи. Таа е сериозно болна жена и сите ја гледаме и никој ништо не презема. Еве јас презедов, бидејќи не сакам да молчам за тоа. Се работи и за чувањето на нејзиното дете – напиша Саша и продолжи:

– А Раста го знае ова и мора да направи нешто, бидејќи мало девојче не може да расте во таква средина, опкружено со наркомани кои ја чуваат и ја забавуваат, или да ја гледа мајка ѝ како се тркала по подот и прави глупости со изобличено лице. Па затоа објавив, и ако мислите дека поради тоа не сум човек, според мене сум голем човек – напиша Мирковиќ.

Слични објави

(Фото) „Момент на вечноста“: Тигар објави фотографија со Јована Јеремиќ во Виена

Еспресо

„Докторите ми ветуваа брза смрт“ – Ведрана Рудан за борбата со ракот: Две години умирам, а ништо не се случува

Еспресо

(Фото) Благоја Грујовски запеа за мајката на Гавазова со посебен повод

msp-admin

„Нe сум родена да живеам сама“ – ексклузивна исповед на Ана Бекута

E.A.

(Видео) Елена Велевска проговори за децата: Секогаш навивам за син ми

msp-admin

„Ти Станија не треба да бидеш пример на девојчињата“ – Понижувањето кое старлетата го доживеа во емисијата на Сања Маринковиќ и денес се прераскажува

E.A.
Се вчитува....