6.8 C
Скопје
07:25 - 31 март, 2026

Се огласи екс сопругата на Горан Иванишевиќ, драмата продолжува: „Никој не се менува додека не си ја смени енергијата“

Тенискиот ас Горан Иванишевиќ последните денови е во центарот на вниманието на јавноста бидејќи ја тужеше својата сопруга Татјана Драговиќ со која беше во брак, како и нивната ќерка Амбер. Сега се огласи Татјана Драговиќ, а сите го чекаа тоа.

Сите знаеме колку тешки можат да бидат разводите, особено кога се случуваат пред очите на јавноста. Меѓутоа, она што се случува со Горан Иванишевиќ и неговата поранешна сопруга не е секојдневие. Тие се разведоа пред десет години, а кога бракот заврши, останаа во одлични односи. Затоа во медиумите како бомба одекна објавата на поранешниот тенисер.

-Во моментот кога се осмелив да ги барам парите што ги заработив пред и за време на бракот, кои Т.Д. (Татјана Драговиќ) ги присвои и покрај сите закони и договори, станав семеен насилник и миленик на судовите, напиша неодамна Горан.

– Сега само ја чекам тужбата со која би требало дотичмата Т.Д. да освои Вимблдон и два олимписки медали, а можеби и уште некој Грен слем, но тоа допрва треба да го утврди судот – додаде Горан.

Сите чекаа Татјана да проговори, што најпосле се случи.

– Никој не се менува додека не ја смени својата енергија, а кога ја менуваш енергијата, го менуваш својот живот. Не очекувајте нешто во вашите животи да се промени ако вашата околина ги контролира вашите чувства и мисли, односно ако вашата околина контролира како се чувствувате и размислувате. Свртете го тоа, и ќе сфатите дека вашите чувства и мисли ја контролираат околината и ќе го видите ефектот. Помалку ќе реагирате на луѓето во вашиот живот бидејќи ќе бидете свесни дека тоа ве враќа во позиција на жртва. Кога ќе сфатите дека вие ги создавате резултатите во вашиот живот, ќе сфатите дека вие сте креаторот, а не жртва во вашиот живот – се огласи Татјана на својот Инстаграм профил, цитирајќи зборови на доктор Џо Диспенза а мислејќи на Иванишевиќ.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....