3.8 C
Скопје
17:30 - 21 декември, 2024

Саша Поповиќ напиша тестамент, еве кому го остава богатството: Само во минатите неколку години заработил над 10 милиони евра

Како што пишува српски „Скандал“, откако Саша Поповиќ ги продал акциите во „Гранд“ почнал да инвестира во разни бизниси, а со сопругата дури започнал и неколку активности кои ќе им обезбедат подобра иднина на нивните деца.

Меѓутоа, свесен за времето во кое живееме, Саша наводно составил тестамент за навреме да го обезбеди своето семејство.

– Селе се консултирал со својот адвокат и решил се да ѝ остави на Сузана. Таа е петнаесет години помлада од него, но тој има најголема доверба во неа и сигурен е дека ќе може да се снајде со сиот имот што го поседуваат – тврди изворот за Скандал и додава:

Има тој доверба и во својата ќерка, како и во синот на Сузана, кој го воспита како да е негов. Но, тој повторно е решен да ѝ препушти се на Сузана, за која верува дека ќе сподели се по совест и како што би делел и тој самиот. Сигурно не мисли дека му се ближи крајот, свесен е само за времето во кое живееме и дека треба и тоа да се реши, поточно да се има тестамент, а со тоа се согласува и Сузана. Но, пред нив двајца е животот и плановите.

Саша и Сузана, принтскрин

Сузана Јовановиќ, како што е наведено, по официјалното составување на тестаментот ќе биде побогата за неколку милиони, но бидејќи таа и Саша се во хармоничен брак, таа не се осврнува на него, туку вниманието го посветува на сопругот и се труди да уживаат заедно секој нов ден.

Освен во недвижен имот, претходните години Саша вложил пари во скапи автомобили, но и во јахта. Според информациите, Поповиќ поседува јахта која е закотвена на хрватското приморје и троши вртоглава сума пари за нејзино одржување.

– Воопшто не се каам што трошам пари на такви работи, сакам да имам скапи и добри автомобили. И јас знам да возам јахта и затоа ја купив – изјави тогаш Поповиќ.

Кога станува збор за автомобилите, Саша, според пишувањето на српските медиуми, поседува цел возен парк. Има БМВ и8 за кое платил 150.000 евра. Пред тоа купил џип „мерцедес“ кој вреди околу 50.000 евра, а поседува уште еден за 10.000 евра поевтин.

Исто така, многу често низ градот вози мал „смарт“ автомобил чија цена е околу 15.000 евра, бидејќи му е практично со него да паркира.

Како што се наведува понатаму, Поповиќ планира и изградба на луксузен комплекс на Авала, каде купил плац, а неговиот дом на Бежанијска коса зрачи со луксуз на секој чекор.

Прекрасната куќа на директорот на Гранд секако зрачи со просторност, а во дневната соба доминира скапиот бел мебел, пијано, шанк, многу уметнички дела и семејни фотографии.

Во дворот до големата куќа имаат уште една помала помошна просторија. Зелената градина во која ужива семејството е прекрасно уредена, а имаат и зелена патека до влезот во домот, како и пространа тераса.

Поповиќ поседува и стан во Опатија за кој, според медиумите, платил 300.000 евра, а во една прилика на социјалните мрежи се пофали со луксузот во кој ужива со семејството и пријателите додека е на одмор. Тој покажа дел од својот дом: базенот, терасата и погледот кон морето.

Како што објавија медиумите пред неколку години, вкупната заработка на Саша во последните неколку години, вклучувајќи ги и седум и пол милиони од продажбата на компанијата, изнесува околу 10.500.000 евра.

Слични објави

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо
Се вчитува....