04:06 - 6 април, 2026

(Фото) Саша Матиќ и Жељко Јоксимовиќ ги изненадија сите љубители на нивната музика: „Ова не се прави планирано“

Двете големи музички ѕвезди на регионалната сцена, Саша Матиќ и Жељко Јоксимовиќ, вечерва премиерно ја претставја емотивната балада „Ништавило“, дует кој веќе при првото слушање ја освои публиката.

Песната „Ништавило“ е резултат на долгогодишното пријателство и заемното почитување меѓу двајцата врвни вокали, кои покрај музиката ги поврзуваат и истите животни уживања – дружење, кафеана и песна.

Од токму таа искрена блискост произлезе соработката која, според првите реакции, донесе една од најубавите балади во последните години.

Авторскиот тим го потпишува докажана екипа – музиката е на Славко Стефановиќ Славкони, текстот го напишал Владимир Митровиќ, додека аранжманот го носи потписот на Жељко Јоксимовиќ, што на песната ѝ дава дополнителна емотивна длабочина и препознатлив печат.

Токму затоа Саша Матиќ истакнува дека „Ништавило“ е песна која доаѓа од срце:

„Жељко и јас се знаеме долго време, делиме ист поглед на музиката и животот. ’Ништавило‘ не е песна која се прави планирано – таа се случува. Пеевме онака како што ја чувствуваме, без калкулации, и верувам дека луѓето ќе се пронајдат во неа уште при првото слушање“, изјави Матиќ за српските медиуми.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....