6.8 C
Скопје
08:19 - 1 април, 2026

Ричард Гир излезе со транспарент на штрајкот пред „Ворнер Брос“

Холивудскиот актер Ричард Гир  се приклучи на штрајкот против стриминг сервисите, филмските студија и продукциските компании кои застанаа на страната на „големите играчи“.

Тој, како што пишуваат американските медиуми, излегол на улица со колегите пред филијалата на компанијата „Ворнер Брос“ во Њујорк, го крена својот транспарент со кој „кажа“ се што треба.

Познато е дека на 14 јули синдикатот на актерите се приклучи кон прекинот на работата на WGA, Здружението на писателите на Америка, кое протестира од мај годинава.

Писателите, актерите и креативците кои живеат од работата на сетот се свесни дека целата индустрија многу брзо се менува, а цената на нивната работа паѓа. За прв пат од 1980 година, актерите започнаа работен спор и се приклучија на штрајкот на писателите, кој излезе на улица за прв пат од 1960 година, пишува Дејли Мејл.

Покрај Ричард Гир, Кирстен Данст и нејзиниот сопруг Џеси Племонс се исто така свесни за застрашувачките промени кои го загрозуваат постоењето на целата индустрија, без разлика дали станува збор за ѕвезди или помалку познати актери, пишува People.

„Придонесоа и во борбата за подобри услови за работа, регулирање на хонорарите од репризите на стриминг платформите и поддршка за писателите во Њујорк. Како Ричард Гир, тие зедоа транспаренти и им се придружија на демонстрантите на улица, свесни дека борбата за фер, колективен договор што ќе ги заштити актерите од дигиталната „конкуренција“ значи многу и за нивната иднина. Неодамна на демонстрантите во Њујорк им се придружи уште еден холивудски пар, Кевин Бејкон и Кира Сеџвик“, пишува People.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....