10:58 - 14 ноември, 2026

Бјелогрлиќ се врати со награда од Локарно за „Чувари на формулата“ – и Македонија го поддржа овој филм

„Чувари на формулата“ на српскиот режисер и актер Драган Бјелогрлиќ освои награда на фестивалот во Локарно што заврши денеска.

Филмот, кој во Србија се нарекува „Српски Опенхајмер“, за инцидент со радијација во 1950-те во југословенскиот Нуклеарен институт Винча, ја освои наградата Пардо верде за која се квалификуваат сите филмови прикажани на фестивалот што „на публиката ѝ нудат нови интерпретации кои инспирираат промени во свеста за иднина која ќе има поголема одржливост“.

„Чувари на формулата“ играше во програмата Пјаца Гранде во најголемото кино на отворено во центарот на Локарно.

Филмот, поддржан од Еуримаж е копродукција меѓу Србија, Словенија, Црна Гора и Македонија, која преку Агенцијата за филм го поддржа на конкурсот во 2016.

Во главната конкуренција за награди победи „Критична зона“ на иранскиот режисер Али Ахмаџадех, филм кој иранските власти го забранија и се обидоа да го спречат да се прикаже во Локарно. Филмот, опишан како „химна на слободата и отпорот во Иран“, е снимен без дозвола од властите пред да започнат неодамнешните протести.

Приказната следи човек кој вози низ подземјето на Техеран со своето куче, продава дрога и исцелува вознемирени души. Специјална награда на жирито освои романскиот „Не очекувај премногу од крајот на светот“ на Раду Жуде.

 

Слични објави

Гоца Тржан ги насмеа сите: Проговори за Раша и својата висина од „метар и ќебап“

Е.А.

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо
Се вчитува....