7.8 C
Скопје
10:53 - 1 април, 2026

Ребел Вилсон стана мајка на Ројс Лилијан, но ги негираше вестите дека се верила

Ѕвездата на „Pitch Perfect“ во понеделникот објави на Инстаграм дека го дочекала своето прво дете, девојчето Ројс Лилијан, преку сурогат мајка.

„Горда сум што можам да го објавам раѓањето на моето прво дете, Ројс Лилијан, родено минатата недела преку сурогат. Не можам ни да ја опишам љубовта што ја имам кон неа, таа е прекрасно чудо!“ Вилсон напиша под фотографијата од нејзиното новороденче кое лежи на ќебе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Ѕвездата на „Senior Year“ рече дека е „засекогаш благодарна“ на сите вклучени во нејзиното патување за сурогат мајчинство и на  „прекрасната сурогат-мајак кој ја носеше и ја роди ќеркичката со таква милост и грижа“.

Инаку, Вилсон ја демантираше веста дека таа и нејзината љубовница Рамона Агрум се вериле. Претходно, нивната свршувачка беше објавена од страна на Page Six, како и голем број други медиуми. За да ги отфрли гласините, Ребел на социјалните мрежи објави заедничко видео со Рамона, снимено пред замокот на Заспаната убавица во Дизниленд и напиша: „Благодарам на сите за добрите желби, но не сме свршени!“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Печатот почна да пишува за претстојната венчавка на Рамона и Ребел уште во јуни – кратко време откако Вилсон отворено зборуваше за нејзината врска. Тогаш анонимен извор за Дејли Меил изјавил дека Рамона ја запознала мајката на Ребел и многу брзо се зближила. Подоцна, корисниците на интернет забележале дека Вилсон и Агрума носат прстени многу слични на вереничките.

Слични објави

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....