11.8 C
Скопје
19:06 - 13 март, 2026

Раперот Пи Диди му плаќа на Стинг по 5.000 долари дневно за прекршување на авторски права: „Љубов за мојот брат“

Раперот Пи Диди (53) го користел синглот на Стинг од 1983 година Every Breath You Take во неговата песна од 1997 година I’ll Be Missing You без дозвола и сега му плаќа 5.000 долари дневно.

Раперот реши да ја открие точната вредност на готовинските плаќања откако на интернет се појави интервјуто на Стинг за The Breakfast Club во 2018 година, каде тој изјави дека добива 2 илјади долари дневно од Пи Диди.

„Љубов за мојот брат Стинг“, додаде уметникот во твитот.

Во едно интервју, 71-годишниот музичар сподели дека му била побарана дозвола за користење на синглот дури откако бил објавен.

„Сега сме многу добри пријатели. Тоа беше прекрасна верзија на таа песна“, изјави Стинг.

Песната I’ll Be Missing You беше искажана почит на американскиот рапер Ноториус Биг, кој почина во 1997 година на 24-годишна возраст. Фејт Еванс, неговата поранешна сопруга, го придружуваше Диди заедно со бендот 112. По објавувањето, песната беше на врвот на Билборд хот 100 листата и му донесе награди на Диди на Билборд музичките награди во 1997 година за најдобар рап изведувач и најдобра рап песна.

Слични објави

(Фото) „Докторот ми стави премногу филери, ми се спуштија до половина лице“! Српската убавица преживеала драма по естетска интервенција

Еспресо

(Фото) Четири месеци радост во домот на Миро Кацаров, малиот Тадеј расте опкружен со љубов

Еспресо

Докторите и предвиделе на Ведрана Рудан уште 3 месеци живот

Е.А.

„Ова не е нормално“: Синди Крафорд покажа како ѝ почнува денот, луѓето ужаснати

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо
Се вчитува....