13:02 - 29 јануари, 2026

Рада Васиќ од „Големиот брат“ се бори со тешка болест: Ќерката откри детали за нејзината состојба

Рада Васиќ, некогашна учесничка во регионалното реално шоу „Големиот брат“, се соочува со сериозни здравствени проблеми. Минатата година таа објави дека боледува од рак на дојка, кој подоцна се проширил на белите дробови.

Нејзината ќерка, Ана Николиќ – позната на јавноста како Мика од шоуто – откри во каква состојба се наоѓа мајка ѝ.

„Мама е болна, знае се од што боледува. За жал, болеста е неизлечива, со терапиите само се продолжува животот. Да, имаше карцином на дојка, а сега има карцином на бели дробови. Терапијата што ја прима е премногу јака, па повеќе време минува во кревет. Чувствува замор, потење, трнење на рацете и нозете, кашлица… Јас сум тука со неа и ќе дадам сè од себе да ѝ помогнам,“ изјави Ана за „Мондо“.

Ана се присети и на својот татко Раде, кој почина оваа година. „Имав најдобар татко на светот. Беше позитивен, дружељубив, светски, а наш. Кога му кажав за мојата промена на полот, ми рече: ‘Ако мислиш дека ќе бидеш посреќна, направи го тоа, јас сум тука за вас‘. И мама беше поддршка,“ рече таа.

Семејството Васиќ стана познато во 2015 година преку „Големиот брат“, каде што Рада и Раде учествуваа со синовите Мика и Гиба. Подоцна тие го сменија полот и станаа Ана и Ивана Николиќ.

Минатата година, Рада откри дека покрај својата болест, и нејзиниот сопруг имал сериозни здравствени проблеми – двата бубрега му откажале и морал неколку пати неделно да оди на дијализа.

Слични објави

(Фото) Дали ги препознавате? Исплива фотографија од „Ѕвездите на Гранд“, стара речиси 20 години

Еспресо

Познатите се собраа на големата прослава кај Огњен Амиџиќ: Наздравуваат од срце за малата Лола

Еспресо

„За првпат сум целосно трезен“: Дарко Лазиќ го промени својот живот од корен

Еспресо

Скандал во Монако: Мелина Џиновиќ направила хаос во луксузен бутик поради чанта

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 јануари: Не брзајте со одлуките

apostolova

Прво огласување на Николија и Реља по шпекулациите за неверството на пејачот: Познатиот пар никогаш не бил поискрен за својот однос!

Еспресо
Се вчитува....