Српската пејачка Рада Манојловиќ ги демантираше гласините дека купила нов стан и автомобил, откако за тоа почна да се пишува во јавноста. Таа се појави на промоцијата на новиот албум на колешката Сека Алексиќ, каде што разговараше со присутните медиуми и откри дека приказните за нејзиниот наводен нов имот не се точни.
За оваа пригода Рада избрала бела кошула со машна и сив жакет, а пред новинарите веднаш решила да ги расчисти шпекулациите за нејзиниот приватен живот.
„Ги демантирам сите работи што се пишуваат! Мојот возач е одличен, но морам да го демантирам тоа што се пишува за нов стан и автомобил. Не знам од каде се тие приказни“, изјавила пејачката.
Со оваа изјава таа се осврнала и на својот партнер, кој воедно ја вози, а за кого во јавноста се зборува дека ѝ помага и во секојдневните обврски.
Покрај гласините за наводното купување недвижнина и автомобил, Рада се осврнала и на неодамнешниот заеднички концерт со нејзиниот брат Ненад Манојловиќ.
Пејачката открила дека настапот поминал одлично и дека публиката реагирала емотивно. Таа била особено задоволна што некој се сетил да ги покани двајцата на ист настан.
„Настапот беше одличен. Му реков на Бога, фала му што некој сопственик на клуб се сетил да нè повика заедно. Секогаш имаме такви спојувања на пејачи, па се прашував дали е можно некој да се сети на мене и на Ненад. Реакцијата на публиката беше одлична, сите реагираа емотивно. Имавме одделни блокови, не пеевме заедно“, раскажала Рада.
Пејачката открила и која песна ѝ буди посебни емоции кога ја слуша во изведба на брат ѝ.
Станува збор за песната „Снег је опет Снежана“ („Sneg je opet Snežana“), која за неа има посебно значење уште од детството.
„Мене многу емотивна ми е песната „Снег је опет Снежана“, но кога ја пее мојот Неша. Таа песна ја паметам уште од времето кога имав девет години. Тој тогаш го имаше својот прв настап и тоа е една од првите песни на кои го научи татко ни. Најубаво ја пее токму тој“, открила пејачката за српскиот портал „Телеграф“.
Со оваа изјава Рада покажала колку ѝ значат семејните спомени и музичките почетоци на нејзиниот брат, а воедно потврдила дека заедничкиот настап имал посебно значење и за неа.
