7.8 C
Скопје
23:02 - 30 март, 2026

Путин: „Руските компании се подготвени на ембарго на нафта за ЕУ“

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика руските енергетски компании да се подготват за ембаргото за нафта содржано во пакетот санкции на ЕУ.

„Пред некој ден, како што знаете, Европската унија воведе уште еден пакет санкции против Русија со ембаргото за нафта. Националните компании веќе se подготвени за оваа одлука “, рече Путин на состанокот со членовите на владата, а пренесува Риа Новости.

Путин објасни и дека доколку Западот и особено Европа одат понатаму на патот на санкциите против Русија, ќе има „катастрофални последици“ за глобалниот енергетски пазар. Владимир Путин заканите до Западот ги упати на емисија емитувана на руската телевизија.

„Знаеме дека Европејците се обидуваат да ги заменат руските енергетски ресурси – рече тој – но очекуваме дека резултатот од овие активности ќе биде зголемување на цените на гасот на пазарот и зголемување на цената на енергијата за потрошувачите“.

„Ова уште еднаш докажува дека санкциите кон Русија предизвикуваат многу поголема штета на земјите што ги воведуваат – додаде рускиот претседател – Понатамошната употреба на санкциите може да доведе до уште потешки, без претерување, дури и катастрофални последици за пазарот за глобална енергија“.

Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го повтори она што завчера го кажа Путин, кој го предизвика Западот со изјавата дека „сè уште не сме почнале ништо сериозно“ во Украина. „Потенцијалот на Русија е толку голем што само мал дел беше искористен за специјалната операција“, рече Песков.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....