12.8 C
Скопје
16:57 - 24 март, 2026

Прво рочиште против Кевин Спејси: „Тој човек е сексуален насилник, ги фаќа мажите за меѓуножјето“

Актерот Кевин Спејси на денешното прво рочиште се изјасни за невин по десетина обвиненија за сексуално недолично однесување против четворица мажи кои наводно се случиле помеѓу 2001 и 2013 година.

Тој е „сексуален насилник“ кој напаѓа мажи и не ги почитува личните граници или просторот, изјави денеска обвинителот на почетокот на судењето на оскаровецот под обвинение за сексуално недолично однесување.

„Тој е човек кој нема почит кон личните граници или простор, човек кој се чини дека ужива да прави другите да се чувствуваат немоќни и непријатно. Тој е сексуален насилник. Неговиот префериран метод на напад е агресивно да ги фаќа другите мажи за меѓуножјето”. изјави адвокатката Кристин Агњу на почетокот на судењето, пренесува Ројтерс.

Обвиненијата против него вклучуваат повеќекратни инциденти на непристојни и сексуални напади, а обвинет е и за потешко кривично дело наведување на лице на пенетративна сексуална активност без согласност, што предвидува максимална казна доживотен затвор. Судењето треба да трае околу четири недели.

 

Слични објави

(Видео) „Можеби оваа тага ќе престане“: Пејачката објави емотивно видео од Зорица Брунцлик, се моли за нејзиното здравје

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо

(Фото) Енис Бешлагиќ го покажа синот: Сите коментираат колку личи на славниот татко

Еспресо

(Фото) „Момент на вечноста“: Тигар објави фотографија со Јована Јеремиќ во Виена

Еспресо

Ведрана Рудан за борбата со ракот: „Докторите ми ветуваа брза смрт. Две години умирам, а ништо не се случува“

Еспресо
Се вчитува....