17.8 C
Скопје
15:40 - 4 мај, 2024

Прво лице анфас – Енис Енко Хаџиќ, рокер: Рокенролот или го имаш или не

Како вовед во интервјуто, еве го малиот есеј кој Енко го напиша за да се представи на читателите на Еспресо.мк. (нелекторирано, со негови зборови, во скопски сленг):

Роден сум во Скопје во далечната 1968 година како второ дете од осумчлено семејство: тато, мама, плус два брата, две сестри и кучето Линда, кое беше и поише од рамноправен член. Растевме на крајот од градот, во населбата Ѓорче два. Бевме радосни, среќни, насмеани и се’ како што треба да биде за едно нормално детство. Татко сум на две добри деца. За пари решавам проблеми скоро од секаков вид, ха ха ха. Што се однесува до бендот, искрено да ти кажам немам појма зашто и со која идеја го напраивме бендот. Тоа време едноставно скоро секој имаше свој бенд, само што чекавме долго време за да се докопаме до иструменти. На почетокот бубњарот лупаше на тупан од локалното културно-уметничко друштво, а јас и Сецко (м.з.: постариот брат) свиревме панк рок на мандолина и мандола. Свиревме unplugged дваесет години пред да се појави на МТВ. После три-четири години ја набавив првата електрична гитара во бендот, купивме еден звучник и му се приклучивме сите што стигнавме, некој му даде име на бендот кој после долго време се „наелектризира“. После тоа сериозно се зафативме со вежбање, па тргнаа настапи, снимивме три албума (што е премалку за тоа колку бевме инвентивни), а настапувавме и настапуваме скоро секаде во регионов и надвор од него, a ако треба може да настапуваме и по дома.

Твоите главни карактеристики, плус и минус…

Искрено кажано, не се трудам да се допаднам на никого, а кај другите тоа изгледа као да сакам баш тој момент да го постигнам. Учтив сум и насмеан и тогаш кога не ми е до ништо.

Што те нервира кај луѓето во последно време?

Одувек сум бил човек кој тешко можеш да го изнервираш и не реагирам на провокации. Живеам со девизата „на човек што треба да му кажеш посерко, кажи му бисерко.“ Ист број на букви има.

Која е најлошата измислица на човештвото и зошто?

Короната. Мислам дека не треба никакво појаснување за шоу програмот што ни го приредија како генерална проба за крајот на светот илити Новиот поредок.

Твојата идеја за среќата.

Мислам дека немам баш идеја за таа работа. Среќата си доаѓа сама и си оди изненадно исто како и несреќата. Ништо од овие две работи не можеш да планираш и да контролираш. Затоа терај си опуштено и уживај или пати колку можеш да издржиш.

Кои три работи би ги понел на пуст остров?

Пераи… (м.з.: тоа се две)

Енко со Џони Ротен (Sex Pistols, PIL) на Кале, мај 2020

Рокенролот за мене е…

Искрено не сум размишљал што е рокенролот за мене. Тоа е нешто као и секоја работа – или го имаш или не. Кога го правевме бендот мислевме дека можеме да го промениме светот. И ден денес не’ држи тој оган во градите.

Зошто Last Expedition (името и бендот)?

Не знам. Тоа ќе треба да го прашаш Сецко. Он дојде еден ден на проба и го предложи името, а мене ми изгледаше „свецки“.

Како успеавте како бенд да траете повеќе од три децении?

Па ќе напраиш поголеми паузи и ете… ха ха ха.

Дали за еден бенд е подобра демократија или автократија?

Најдобриот комлимент што се однесува до Expedition го добив од еден поранешен член на бендот кој во еден неврзан муабет ми кажа: Енко, сум свирел во многу битни македонски бендови али со Expedition ми беше највесело. Значи најбитна е атмосферата.

Кога Енко го учеше Џон Ленон да свири гитара

90-тите беа инспиративни – направивте три албуми, а потоа следеше долга креативна пауза. Последниве години издавате понекој сингл – дали секнува инспирацијата или е нешто друго во прашање?

Инспирацијата никогаш не била проблем кај нас. Живееме во државиче кое си ги избрка своите деца од земјава. Амбасадите кои триесет години раководат со нас „успешно“ ја менаџираат оваа анархија и башибузлук во кој живееме и цело време беа и се на страната на простите и увлекувачите – го створија овој систем на игнор на луѓето кои вредат. Затоа можеме да заклучиме дека инспирацијата е секаде околу нас, само треба да ја фатиш.

На синглот „Мајка“ посветен на Македонија соработувавте со оперски пејачи. Со кого следно планирате да соработувате?

За да соработуваш со некого не е работа која можеш да ја планираш. Тоа се дешавки кои во даден момент треба да имаш храброст да ги направиш и да чекаш неколку години за да видиш дали си бил у право или не. Оперскиот пеач кој гостува на „Мајка“ е мојот пријател Христо Арсовки, автомеханичар на кого најголема љубов му е операта и нашата соработка не е случајна. Ама пак ќе се навратиме на претходниот одговор. Кај нас се’ е ставено на игнор и на никого не му текнува да му направи едно големо интервју каде ќе ја раскаже својата приказна.

Твојата листа од топ 3 највлијателни личности во рокенролот.

Joe Strummer-The Clash, Sid Vicious – Sex Pistols, David Bowie

Кој ги напиша најважните стихови во рокенролот и кој е твојот омилен?

Joe Strummer Spanish Bombs

Како интернетот ја смени музиката и музичката индустрија?

Никако. Проблемот е во оние кокошки и дебили кои као пеат АР ЕН БИ. Е тогаш почна оној Кардашијан-простаклук во светот.

Во чија кожа денес не би сакал да бидеш?

Си имам ја своја и гордо си ја носам. Ха ха ха

Чико, другар му на Загор те неј.

Деведесеттите за тебе се…

Години

Кога би можел да разговараш со кој и да е човек кој кога и да е живеел, кој би бил тоа?

Би сакал да се видам со неколку мои драги луѓе кои више не се со со нас и да се изразговарам цел ден: Даниел Михајловски (музички новинар на Дневник), Бајо Зизи Топ (еден од најдобрите луѓе кои Скопје ги имало), Данче Авалон (би сакал да се потсетам на неговото смеење), Фериз Хаџиќ (најдобриот татко у свет), Дражен Петровиќ.

Од што ти треба одмор?
Ја сум на одмор веќе 30 години.

Кафе или пиво?

Гајба пиво.

 

Слични објави

(Фото) Во домот на Лепа Брена сѐ е подготвено за Велигден! Синот на пејачката се пофали со празничната атмосфера

Еспресо

(Видео) „Четири километри во кал…“: Никола Роквиќ пешачи 13 дена, се огласи колку пари собрал

Еспресо

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо
Се вчитува....