8.8 C
Скопје
22:20 - 22 март, 2026

Милица Тодоровиќ се огласи од породилиштето: Го изгубив млекото поради стрес, само едно ве молам

Српската пејачка Милица Тодоровиќ се огласила од болница и за српски „Телеграф“ открила како се чувствува и низ што поминува.

Пејачката признала во изјавата дека нејзината најголема желба се остварила – да се оствари како мајка, но и дека ѝ се случило она што не сакала – го изгубила млекото.

– Мојата најголема желба во животот се оствари, да се остварам во улогата намајка, и за тоа сум му благодарна на Бог. Ќе ве замолам, како што правевте и досега, да ме почитувате мене и моето семејство за тоа да остане така. Кога ќе дојде време, ќе разговараме за сè, сега само сакам да се опоравам и да бидам среќна со моето дете – рекла Милица за „Телеграф“.

– Поради стресот од приказната што следеше по породувањето, го изгубив млекото. Сега најважно за мене е здравјето на детето – рекла пејачката.

Милица Тодоровиќ се породи на 3 февруари во Белград, но не сакаше на медиумите да им открие кој е татко на нејзиното дете.

Пред да се породи, таа целосно се повлече од јавноста, за да се одмори и да ужива во бременоста, а направи исклучок кога беше гостинка на концертот на нејзината колешка Емина Јаховиќ.

Приватниот живот на Милица Тодоровиќ беше во центарот на медиумското внимание кога ја раскина свршувачката со момче од Хрватска кое беше уапсено минатиот февруари, па затоа не е ни чудо што не сака да каже ништо за својот нов партнер.

До денес не сакаше да открие ниту еден збор за мажот со кој забременила.

Партнерот на пејачката не сака да биде експонирана на медиумите, а Милица ја почитува неговата желба.

Слични објави

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо
Се вчитува....