3.8 C
Скопје
21:34 - 20 декември, 2024

Професорот Климовски не доби гласови за уставен судија, опозицијата обвинува дека се бираат некадерни и корумпирани

Универзитетскиот професор Саво Климовски, кој беше предложен од опозицијата за уставен судија не доби поддршка од владејачкото мнозинство на денешната седница на собраниска Комисија за прашања на изборите и именувањата за да биде избран за уставен судија.

Инаку, Уставниот судот сега работи само со петмина судии, откако во јули минатата година им истекоа деветгодишните мандати на уставните судии Елена Гошева, Никола Ивановски и Сали Мурати, а на 14 јануари годинава и на Јован Јосифовски.

Кадровскиот недостиг во Уставниот суд,  повлекува и одложување на расправите за иницијативи кои се однесуваат на важни закони.

Претседателката на Комисијата Марија Георгиевска денеска даде пауза од еден час по што се очекува да продолжи расправата за предлогот на власта  републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески да стане уставен судија.

Според опозицијата ниту еден кандидат што го предложи СДСМ не заслужува место во Уставниот суд

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека кандидатите за уставни судии предложени од владејачката партија не ги исполнуваат условите и не се соодветни за да бидат избрани за оваа функција.

Според Ели Панова, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ на власта ѝ е поважно кандидатите да бидат корумпирани отколку да работат во име на правдата.

„ Сѐ додека немаме нов закон за Уставен суд, ќе велиме дека кандидатите таму не заслужуваат да бидат уставни судии и во исто време ќе се срамиме како што ќе се срамите вие од кандидатурите на луѓето кои ги наградувате да бидат уставни судии, реагира Панова.

Пратениците досега им дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ-Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер. Најмногу реакции предизвика токму изборот на Васиќ Бозаџиева затоа што оваа кандидатка според опозицијата нема ни ден искуство како судијка. Пратеникот Антонио Милошоски кога се расправаше за предлогот професорката Родна Живковска да биде уставен судија наведе интересен факт:

„Тања Васиќ пред неколку месеци магистрирала на Правниот факултет, а ментор ѝ била професорката Родна Живковска, па јавноста нека суди која е поистакната правничка за да биде предложена за уставна судијка“, предложи Милошоски.

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска неколку пати досега предупредуваше дека отежнато функционираат во последниот период со само петмина судии, иако Уставот предвидува полниот состав на Судот да биде со девет судии.

Ваквата состојба, како што наведе Кацарска, има влијание при одлучувањето и често се случува предлогот да не го добие потребното мнозинство, поради што во многу предмети не може да се донесе одлука поради недоволно мнозинство.

 

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....