6.8 C
Скопје
07:34 - 31 март, 2026

Принцот Вилијам се чувствува изневерен поради мемоарите на Хари: „Не е убаво да се претера со таков презир“

Принцот Вилијам се чувствува изневерен поради објавувањето на мемоарите на неговиот брат, војводата од Сасекс Хари, пренесува Daily Beast, повикувајќи се на извор близок до принцот престолонаследник.

„Не е убаво да се претера со количеството на презир што го имаат Хари и Меган за Вилијам. Апсолутно ги мрази и не може да поверува дека Хари може да им го направи ова нему и на Кејт Мидлтон. Тој се чувствува целосно изневерен и длабоко тажен поради сето она што се случило. По ова нема да има враќање назад“, изјавил неименуван пријател на Вилијам за Daily Beast.

Британските новинари блиски до кралското семејство нагласуваат дека Вилијам најмногу бил погоден од нападите врз него и неговата сопруга Кејт Мидлтон што принцот Хари ги упатил преку книгата мемоари.

Претходно излезе веста дека принцот Хари во својата автобиографска книга Spare открил дека тој и неговиот брат „го молеле“ нивниот татко да не се ожени со Камила Паркер-Боулс.

Фрагменти од мемоарите на принцот Хари „Spare “ се објавени во британските медиуми откако новинарите на „Сан“ се повикаа на примерок од книгата на продажба во една шпанска продавница.

Бакингемската палата сè уште не ја коментира книгата со откритијата на принцот Хари од неговите искуства во семјеството.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....