17.8 C
Скопје
17:09 - 11 март, 2026

(Фото) Принцот Вилијам и Кејт слават свилена годишнина – 12 години од судбоносното „да“

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон објавија фотографија на која насмеани и прегрнати ја прославуваат 12-годишнината од бракот.

На денешен ден во 2011 година, принцот и принцезата од Велс се венчаа во Вестминстерската опатија. Тие денеска ја прославуваат својата 12-годишнина заедно, традиционално позната како годишнина на свилата, само една недела пред крунисувањето на кралот Чарлс.

На фотографијата направена од Мет Портеус, кралската двојка е на велосипеди под синото небо на сончево поле.

Мет е еколошки фотограф кој долго време фотографира портрети на кралското семејство.

Фотографијата ги одразува многуте еколошки страсти на парот, вклучувајќи ја, неодамна, наградата Earthshot што ја лансираа. Во своите коментари, кралските фанови посакуваа такви моменти да ги следат во текот на нивниот брак.

Исто така, фотографијата припаѓа на серијата која ја споделија на Денот на мајката.

Вилијам и Кејт се венчаа по десетгодишна врска која започна кога и двајцата беа студенти во Шкотска. По венчавката, тие добија три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

 

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin
Се вчитува....