8.8 C
Скопје
16:18 - 28 март, 2026

Принцот Хари се плаши дека ќе заврши полошо од Дијана

Принцот Хари верува дека е изложен на поголем ризик да биде загрозен од „расизам и екстремизам“ отколку што беше неговата мајка Дијана, откриваат документите на Високиот суд.

Војводата од Сасекс во писмо до шефот на државната служба рече дека неговото семејство ќе биде ставено „во позиција во која никој не сакаше да ја стави мајка ми пред 23 години“ со отстранување на неговото обезбедување.

Во писмото, Хари откри и што смета дека е најголемата закана за неговото семејство, иако попрецизни детали за тоа за што се работи биле изоставени од судските документи.

Истите документи откриваат дека Ал Каеда повикала да се убие таткото на две деца, откако тој пишувал за убивање на талибански борци, пишува Дејли Мејл.

Принцот Хари (39) рекол дека станува збор за „дополнителни слоеви на расизам и екстремизам“ и побарал „некој да преземе одговорност“ за она што може да се случи со неговата сопруга Меган Маркл и нивните деца Арчи и Лилибет.

Потсетуваме дека принцот Хари го загуби судскиот спор против владата во врска со степенот на неговата безбедносна заштита додека беше во Велика Британија.

 

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

(Видео) „Е сега можам да умрам“: Здравко Чолиќ се симнал од сцената и го направил ова кога ја видел Милица Павловиќ

Еспресо

(Фото) Деколтето во прв план: Сека Алексиќ ги привлече сите погледи, па проговори за естетските зафати

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Астро викенд: Мини совети за секој хороскопски знак

Еспресо

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо
Се вчитува....