01:40 - 3 април, 2026

Принцот Хари бара дом во Велика Британија: „Носталгичен е по стариот живот, медениот месец во САД заврши“

Принцот Хари бара „постојан“ дом во Велика Британија за да можат да го посетат пријателите кои не се согласуваат со Меган Маркл. За ова пишува бртански Мирор (Mirror).

Кралскиот автор Том Квин верува дека најмладиот син на британскиот монарх Чарлс III, кој се повлече од кралските должности во 2020 година и сега живее во САД, „сака да се врати на некои аспекти од својот стар живот“ и тоа дома во Лондон.

Квин истакна дека „медениот месец“ на животот во Соединетите Држави е веќе завршен и Хари сега се навраќа на своето минато со носталгија.

Конкретно, на војводата од Сасекс „му недостигаат“ пријателите од армијата и факултетот кои наводно не го посетуваат во Калифорнија бидејќи „не се разбираат со Меган“, со која принцот Хари се ожени во 2018 година и има две деца, Арчи и Лилибет.

„Хари е решен да најде свој постојан дом во Велика Британија, што делумно е причината поради која тој ги спроведува своите правни постапки за да ги принуди британските даночни обврзници да платат за неговата безбедност“, рече Квин, мислејќи на тоа дека на Хари му е одземено обезбедувањето во неговата родна земја.

Во 2023 година, кралот Чарлс III ги иселил својот најмлад син и неговата сопруга од Колибата Фрогмор, каде што живееле од нивната венчавка и можеле да останат кога биле во посета на Британија. Сега, кога Хари лета за Лондон, тој ја поминува ноќта во хотели. А Меган последен пат беше во татковината на нејзиниот сопруг на погребот на кралицата Елизабета Втора во септември 2022 година.

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....