4.8 C
Скопје
22:14 - 11 март, 2026

Принцезата од Норвешка и шаманот од Хаити: „Се чувствуваме како Хари и Меган Маркл“

Марта Луиз од Норвешка и шаманот роден на Хаити, Дурек Верет, се чувствуваат како Хари и Меган Маркл и го обвинуваат светот за расизам. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Durek Verrett (@shamandurek)

Повеќе од еден час, парот одговараше на прашања и честитки од следбениците на социјалните мрежи на Дурек Верет, која инаку има над 282.000 следбеници.

„Расизмот го открив со запознавањето со Дурек“, нагласи 50-годишната принцеза, која има три деца од писателот Ари Бен, кој се самоуби во 2017 година.

„Претходно бев прилично наивна и никогаш не сфатив што значи расизам. Но, потоа ја видов разликата во третманот меѓу нас двајца. Сите секогаш беа љубезни кон мене, а со Дурек видов дека луѓето се однесуваат на груб начин“ – рече принцезата.

Потоа таа објаснува дека расизмот го гледа „во начинот на кој луѓето го избегнуваат Дурек. На начинот на кој пријателите претпоставуваат дека тој лаже за сè. Дека е злобен зад неговата добрина. Луѓето мрмореа под мустаќ, со што ни беше јасно дека нема место за него на масата“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Märtha Louise (@iam_marthalouise)

Од своја страна, Дурек Верет, рече нивната историја не е како „Бриџертон“, ТВ серијата лансирана од Нетфликс.

„Светот не е подготвен за брак меѓу црнец и европска принцеза“ – нагласи тој.

Но, двојката, која изгледа поцврста и пообединета од кога било, рече дека сака да го промени светот  „бидејќи сè мора да еволуира“ и светот мора да оди „кон нова свест“.

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....