7.8 C
Скопје
00:21 - 31 март, 2026

(Фото) Принц Хари и Меган Маркл уживаат во првата забавна ноќ надвор по мемоарите

По објавувањето на книгата „Spare“, Меган Маркл и принцот Хари за прв пат беа видени заедно како се забавуваат и уживаат како пар во дождливата ноќ во Лос Анџелес.

Двојката во вторникот вечерта излегла на вечера во популарниот ресторан во Лос Анџелес, Сан Висенте Бунгаловс.

Порталот Пејџ Сикс објави ексклузивни фотографии, на кои Меган изгледа елегантно во црни кожени панталони, црни потпетици и беж кардиган, додека Хари носеше сив кардиган во комбинација со сина кошула, фармерки и сини чевли.

Познато е дека ресторанот го посетуваат најмоќните членови на забавната индустрија и забранува употреба на мобилни телефони и фотографии, па сликите се само од нивното пристигнување на локацијата.

Вечерата бпоминала мирно и тивко, а парот се погрижил да остане речиси незабележлив среде дождот што врнеше таа вечер во Лос Анџелес.

Со објавувањето на „Spare“, Хари откри шокантни вистини за неговото семејство, како што се обвинувањата за физички напад од неговиот брат, принцот Вилијам, или дека неговиот татко го нарекувал Хари „резервен“ син кога се родил.

И покрај горчливиот вкус што овие откритија го оставија во устата на неговото семејство, Хари е многу среќен со успехот на книгата, вели извор близок до војводата од Сасекс.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....