12.8 C
Скопје
17:43 - 3 април, 2026

Прерано нè напуши македонски виртуозен хармоникаш и музички творец Милан Завков: Музичкиот свет се простува од првенецот на Танец

На 61 годишна возраст ненадејно почина доајенот на македонската музика, хармоникаш и композитор, Милан Завков.

Завков е познат и како првенец на Танец и долгогодишен раководител на оркестарот.

Хармоника почнал да свири уште од дете, од 8 годишна возраст, а првиот јавен настап го имал веќе на 14 години, како дел од оркестарот на Ѓорѓи Димчевски во ансамблот „Млад Танец“. Во раните години, Завков свирел во КУД „Мирче Ацев“. Во времето кога се запишал на студии, немало отсек за хармоника. Така, тој дипломирал на музичката академија во Скопје, а главен инструмент му бил контрабас. Со октетот „Македонија“ ја снимил својата прва плоча, во 1970 година со четири ора.

Работел заедно со саксофонистот Ферус Мустафов, и бил долгогодишен член на групата „Македонски мерак“, а подоцна и на дел од ансамблот „Танец“ како симбол на македонскиот традиционален фолклор.

Автор е на голем број песни, изведувани од страна на Виолета Томовска, Гоце Арнаудов, Ефто Пупиновски, Благица Павловска, Анета Мицевска, Ленче Кукиќ и Горан Кукиќ.

За повеќе музичари беше сакан учител, а секако Завков беше идол на многу генерации хармоникаши, столб на македонската музика.

Музичкиот свет, пријателите, неговите обожаватели и ученици се простуваат од него на социјалните мрежи.

&;

Ќе живее преку неговите песни и изведби кои остануваат трајно во македонската музичка ризница.

Слични објави

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.
Се вчитува....