14.8 C
Скопје
18:31 - 18 октомври, 2024

Пред неговата смрт: Лиам Пејн бил во депресија поради правни проблеми со неговата поранешна вереница

Во средата, на 16 октомври, светот беше шокиран од веста за смртта на поранешниот член на One Direction, Лиам Пејн, откако падна од третиот кат во хотел во Буенос Аирес. Музичарот имаше 31 година.

Смртта на Лиам Пејн од тешките повреди поради пад од балкон ја потврдиле лекарите кои пристигнале на местото на настанот. Според Пипл, повикувајќи се на свои извори, Пејн неодамна бил „исклучително обземен од правни проблеми“ поврзани со неговата поранешна свршеница Маја Хенри.

Хенри (23) минатата недела пријавила полициска забрана за неприближувае од поранешниот пејач на One Direction, објави британскиот таблоид Дејли меил. Таа забрана доаѓа откако таа тврдеше дека сега починатиот Лиам Пејн бил во контакт со неа во многу прилики, звонејќи ѝ од различни телефони.

Така, во еден од последните објави на Тик ток, објавена на 6 октомври, Хенри тврдеше дека нејзиниот поранешен партнер, кого сепак не го именуваше, но ги спомна обожавателите на One Direction, „ѝ звони па потоа ѝ ја прекинува телефонската линија“.

„Секогаш звонеше од различни телефонски броеви. Никогаш не знам каде е ни кој се јавува… Исто така [тој] ми испраќаше пораки. Не само на мојот, туку и на телефонот на мајка ми, а кога таа ќе го побараше назад, тој ја прекинуваше линијата. Дали е ова нормално однесување?“, праша Маја Хенри во видеото.

Таа исто така тврди дека Пејн ги „вклучил“ обожавателите на One Direction насочувајќи ги против неа, бидејќи „тие секогаш ќе му бидат лојални“.

@mayahenry

Replying to @marie anways sorry for the rant but things need to be addressed

♬ original sound – Maya Henry

Поранешниот член на One Direction, Лиам Пејн и моделот од Тексас, Маја Хенри, првпат се појавија заедно во август 2018 година, но нивната врска ја официјализираа во септември 2019 година. Тие се верија во 2020 година, но се разделија во јуни 2021 година. Подоцна, во октомври истата година, тие направија уште еден обид да бидат заедно, но конечно ја прекинаа врската во 2022 година. Според 23-годишната манекенка, на нивната врска влијаела осумгодишната разлика во годините.

Исто така, според Дејли меил, новата девојка на Лиам Пејн, Кејт Кесиди, која дошла со него во Аргентина, го оставила два дена пред неговата смрт. Во понеделникот, 37-годишната Кесиди објави видео во кое вели дека се враќа на Флорида по две недели во Аргентина со Лиам.

Лиам Пејн присуствуваше на аргентинскиот концерт на неговиот колега од групата One Direction, Ниал Хоран, а неколку часа пред неговата смрт, напиша на Snapchat: „Прекрасен ден е овде во Аргентина“.

Сега полицијата врши увид и ги утврдуваат причините за смртта на Лиам Пејн. Пред да биде пријавено дека паднал од балконот од третиот кат на хотелот Каза Сур Палермо во Буенос Аирес, полицијата добила повик за „агресивен маж кој можеби бил е под дејство на дрога и алкохол“.

Слични објави

„Немам храброст да менувам пелени“: Дарко Лазиќ откри дека не ѝ помага на сопругата околу бебето

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во фрижидерот на Весна Змијанац: Би ѝ позавиделе сите домаќинки

Еспресо

Соседите за Милан Калиниќ и сопругата: Во соседството се зборува дека Сандра имала љубовник

Еспресо

(Фото) Кристина Ковач брутално нападната поради објавата за Лијам Пејн: Бевме пријатели, дрогата го уништи…

Еспресо

(Фото) За 10 минути собра бакшиш од 1.000 евра: Јована Јеремиќ пее на свадба, едвај ги држи парите во раце

Еспресо

(Видео) Блиска пријателка на Лијам Пејн ги покажа пораките што ѝ ги праќал пред неговата смрт

еспресо
Се вчитува....