7.8 C
Скопје
01:25 - 31 март, 2026

Повеќе од 2.500 угинати фоки на брегот на Каспиското Езеро

Најмалку 2.500 угинати фоки се пронајдени на плажите на Каспиското Езеро во Русија, соопшти Министерство за екологија на Дагестан без притоа да се посочи причината.

Угинатите животни се пронајдени на десет километри долгото дагестанско крајбрежје на Каспиското Езеро.

Според директорката на Руската агенција за мониторинг на природата, Светлана Радионова, главна причина би можело да биде гушење поради истекување гас во Каспиското Езеро.

Радионова посочи дека кон крајот на седмицава ќе бидат познати првите резултати од анализите, па ќе може да се каже дали има загадување на водата.

Сличен инцидент се случи на крајот на 2020 година, кога на плажите во Дагестан и Азербејџан беа пронајдени речиси две илјади мртви фоки.

На почетокот на минатиот век во Каспиското Езеро имало повеќе од милион фоки, а денеска ги има околу 68 илјади односно помалку од седум отсто.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....