7.8 C
Скопје
21:46 - 30 март, 2026

Постои човек кој сака да открие сè за Кејт Мидлтон: Кралското семејство се плаши од „црната овца“

Родителите на Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, се налутиле на нејзиниот вујко Гери Голдсмит откако тој наводно се пријавил во реалното шоу „ВИП Големиот брат’, плашејќи се дека би можел да открие тајни за кралското семејство, тврдат извори. Инаку, тој е познат како „црната овца на семејството“.

Како што пренесува Дејли Мејл, бизнисменот и брат на Керол Мидлтон бил забележан како пазари, а тоа било пред подготовките за реалното шоу кое по шест години повторно почнало да се емитува. Постојат гласини дека Голдсмит (58) обезбедил значително „дебел“ договор од шефовите на ИТВ за да влезе во шоуто. Сепак, неговото учество во „Големиот брат“ несомнено ќе предизвика главоболки кај кралското семејство поради гласините за здравјето на Кејт.

По операцијата на абдоменот на 16 јануари, Кејт Мидлтон за првпат беше видена во јавноста во понеделникот. Принцот Вилијам се врати на своите должности на крајот на февруари, но неодамна откажа еден настан, што повторно ги разгоре шпекулациите дека состојбата на принцезата Кејт е многу посериозна отколку што се соопштува од Палатата. Сепак, принцезата од Велс беше фотографирана во близина на замокот Виндзор во автомобил што го возела нејзината мајка Керол. Денес сепак, некои се сомневаат дали воопшто станува збор за фотографија од Кејт или за нејзина двојничка.

Извор изјавил за британски „Д Сан“: „Гери рече дека мајката на Кејт, Керол, и нејзиниот татко Мајкл му „одржале лекција“ на вујкото. Не ги радува неговото влегување во контроверзното шоу. Тоа ги налути. На Кејт не и треба овој стрес“.

Изворот додадав и дека на тапет може да се најдат и принцот Хари и Меган Маркл, која Голдсмит претходно ја нападна по објавувањето на мемоарите на Хари „Резерва“. Сепак, се верува дека бизнисменот нема да направи ништо за да ги повреди Кејт или Вилијам.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....