7.8 C
Скопје
22:50 - 1 април, 2026

Портпаролката Марија Захарова, ќерка на руски дипломат остро го нападна Европскиот парламент ФОТО

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ја резолуцијата на Европскиот парламент за прогласување на Русија за државен спонзор на тероризмот, предложи ЕП да се прогласи за спонзор на идиотизмот.

Европскиот парламент денеска усвои необврзувачка резолуција, со која Русија ја прогласува за државен спонзор на тероризмот поради воената операција во Украина, произлегува од резултатите од гласањето на пленарната седница во Стразбур.

Во моментот Европската Унија нема никаква правна рамка за класификација на земјите како државни спонзори на тероризмот.

Претходно, Парламентарното собрание на НАТО објави документ во кој се препорачува земјите членки на алијансата да ја прогласат Русија за терористички режим, пренесе „Новости.рс“.

Захарова е родена во семејство на дипломати на 24 декември 1975 година. Нејзиниот татко, Владимир Захаров, го преселил семејството во Пекинг во 1981 година кога бил назначен за aмбасадор.

Семејството го напушти Пекинг во 1993 година, две години по распадот на Советскиот Сојуз. Нејзината мајка, Ирина Захарова, е историчар на уметност која работела во московскиот музеј Пушкин.

Слични објави

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.
Се вчитува....