23:14 - 2 април, 2026

Поранешната сопруга на милијардерот Џеф Безос, Мекензи Скот се разведува од вториот сопруг по две години брак

Поранешната сопруга на основачот на Амазон Џеф Безос Мекензи Скот се разведува од вториот сопруг Ден Џевит по помалку од две години по венчавката, пренесува Њујорк тајмс. 

Џевит работел како учител во училиштето каде што учеле децата на Безос и Скот. Според новинарите, тој нема да бара дел од богатството на Мекензи Скот, кое се проценува на 34,9 милијарди долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BBC News (@bbcnews)

Мекензи Скот и Ден Џевит се венчаа во март минатата година.

Основачот на Амазон, Џеф Безос и Мекензи Скот беа во брак 25 години, а се разведоа во 2019 година. Имаат четири деца. Причина за разводот била романсата на Безос со Лорен Санчез.

По разводот, Безос и остави на својата поранешна сопруга дел од акциите на Амазон, што ја направи една од најбогатите жени во светот и најмоќната жена во светот според Форбс во 2021 година. Мекензи Скот е активно вклучена во филантропијата и надгледува неколку организации.

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....