03:28 - 1 април, 2025

Поранешната сопруга на Доналд Трамп била под истрага на ФБИ – Ивана Трамп осомничена за шпионажа

Документите објавени од ФБИ открија дека покојната Ивана Трамп била под истрага на контраразузнавачката служба поради обвиненијата поврзани со нејзините врски со нејзината родна земја Чехословачка, пишува Индипендент.

ФБИ „препорача отворање на прелиминарна истрага за Ивана Трамп врз основа на информации добиени од доверлив извор во 1989 година“, откриено е во доверливите документи на 190 страници, објавени во понеделникот од ФБИ за спроведување на законот, како дел од тужбата на Блумберг за Законот за слобода на информации.

Во еден пасус од купот документи се наведува дека „не е познато дали наводите против Ивана потекнуваат од љубомора кон нејзиното богатство и слава“, но истакнато е дека истрагата сепак продолжува.

Ивана Трамп е родена како Ивана Зелничкова во 1949 година во тогашна Чехословачка. Таа ја напушта тогашната комунистичка земја во 1971 година откако се мажи за австриски ски инструктор од кој се разведува една година подоцна, кога добива австриско државјанство. Потоа Ивана се пресели во Калифорнија, а оттаму во Њујорк, каде што гради кариера како модел.

Таа го запознала идниот претседател на САД,  Доналд Трамп во 1976 година во Њујорк, а парот се венчал во април 1977 година. Во документите исто така се споменува пријателството на Ивана со маж од Чехословачка за кого постоело сомение дека организира лажни бракови за добивање документи за престој. Се верувало и дека човекот бил поврзан со шпионската заедница во таа земја, поради што Ивана била осомничена за шпионажа.

 

Слични објави

(Фото) Братот на Новак, Ѓорѓе Ѓоковиќ и сопругата уживаат во луксуз: Ѕирнете во внатрешноста на нивниот приватен авион

Еспресо

Поради семејната трагедија Вики Миљковиќ се повлекува од „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој ќе ја заменува во жирито

Еспресо

Раскинувањето ѝ го скрши срцето на Рада Манојловиќ: „Не станав од кревет, сестра ми ми носеше храна“

Еспресо

(Фото+видео) Голема прослава за роденденот на Виктор Живојиновиќ: Брена запеа, пристигна торта со огномет, „падна“ и бакнеж со неговата девојка

Еспресо

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии, а вие?

Еспресо

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо
Се вчитува....