-3.2 C
Скопје
05:43 - 23 декември, 2024

Поранешен вработен тврди: Чарлс Трети ретко прави нешто без одобрение на Камила, таа е вистинскиот шеф и тајното оружје на кралското семејство

Поранешен вработен во кралското семејство изјави дека Камила ретко ја сфаќаат сериозно во јавноста, но вистината зад нејзината улога е нешто поинаква.

Џулијан Пејн, кој бил секретар за комуникации на Чарлс и Камила помеѓу 2016 и 2021 година, ја опиша новата кралица како најголемото тајно оружје на кралското семејство. Тој истакна дека одлуките, вклучувајќи го и неговото вработување, ги одобрува 75-годишната Камила, како и нејзиниот сопруг монарх, потсетувајќи дека пред средбата со Камила му било кажано дека нема да биде ангажиран доколку таа не одобри.

И покрај улогата на Камила во донесувањето одлуки, Џулијан изјави за Тајмс дека таа „не водела активна кампања“ за нејзината нова титула, мислејќи дека тоа ќе се случи само по себе „ако така било пишано“, и додаде дека Камила ретко ја сфаќаат премногу сериозно во јавноста, но сепак верува дека таа ќе се истакне во новата работа, бидејќи „целосно ја почитува улогата и институцијата, но цврсто стои на земја.”

„Иако многу луѓе во текот на годините тврдеа дека проектот „Кралица Камила“ е долгорочна цел, можам да ве уверам дека никогаш немало никаков особен план за тоа. Секогаш кога ќе се спомнеше таа тема во разговор со кралицата, таа само бледо гледаше, како сфинга, не оддавајќи ги своите мисли во врска со тоа“, вели тој.

Откако ја презеде титулата кралица сопруга по смртта на кралицата Елизабета, Камила имаше бројни јавни настапи заедно со кралот Чарлс. Во петокот, таа им се придружи на другите членови на кралското семејство на бдеење за нејзиното височество во Вестминстерската сала. Додека четирите деца на Елизабета – кралот Чарлс, принцезата Ана, принцот Ендрју и принцот Едвард – бдееја покрај ковчегот на кралицата, Камила гледаше во свечена тишина од трибините.

Таквата поддршка на кралот на овие настани беше она на што тој алудираше во неговото прво обраќање до нацијата, кое го одржа на 9 септември. Тој и оддаде почит на неговата „драга“ сопруга Камила и нејзината „лојална јавна служба“, и ја потврди нејзината титула кралица сопруга. За време на емотивното обраќање, кое беше емитувано од Бакингемската палата, кралот рече дека ќе смета на „помошта од неговата драга сопруга Камила“.

„Како признание за нејзината посветена национална служба од почетокот на нашиот брак пред 17 години, таа станува моја кралица сопруга. Знам дека ќе ги исполни барањата на нејзината нова улога со непоколеблива посветеност на должноста на која толку се потпирам“, рече кралот Чарлс.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....