15.8 C
Скопје
14:03 - 22 март, 2026

Поради пораката што ја добил доктор Кон експлодираа социјалните мрежи: Клечејќи ве молам…

Доктор Кон стана синоним за Кризниот штаб во Србија, и покрај тоа што покрај него во кризниот штаб се уште најмалку 50-тина луѓе. Затоа и не чуди што граѓаните на Србија токму нему му се обраќаат за некако да го убедат да ги ублажи рестриктивните мерки.

Најнов пример е момчето, очигледно страстен навивач на Црвена звезда, кој му пратил порака на доктор Кон во кој го моли да дозволи присуство на публика на стадионот, кога во Белград во февруари ќе гостува Милан заедно со познатиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, пренесува Noizz.rs.

принтскрин

Докторе, ви се јавувам клечејќи на нозете за да доволите публика на натпреварот Црвена звезда – Милан бидејќи во спротивно би ги срушиле соништата на целиот Балкан во живо да го водат Златан Ибрахимовиќ и дуелот на моментно двата најсилни европски клубови. Однапред ви благодарам и се надевам дека разбирате дека сме подготвени да ги ризикуваме нашите и животите на нашите најблиски поради овој натпревар“, стои во пораката што ја добил доктор Кон и која ја споделил на неговиот фејсбук-профил.

Сликата и пораката веднаш станаа вирални и на многумина не им се верува што читаат. Едни се смејат на овој апел, а други не можат да веруваат дека некој би прифатил да си го загрози животот поради фудбалски натпревар.

Слични објави

Еве што се случува со имотот на Видој по помирувањето на Николина Пишек и Миша Гроф

Еспресо

„Има проблем да се одвои, со него сум и во тоалет“: Марија Шерифовиќ со детали за односот со синот Марио

Еспресо

(Фото) „Тато и неговите наследници“: Богдана објави неодолив момент од Вељко Ражнатовиќ со синовите во Русија

Еспресо

Хороскоп за 22 март: Раковите ќе имаат опуштени разговори со партнерот, Вагите ќе бидат во добро расположение

Еспресо

(Фото) Ја нарекуваат босанската Адријана Лима: Младата водителка на временска прогноза станува сè попопуларна

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Еспресо
Се вчитува....