6.8 C
Скопје
02:22 - 31 март, 2026

Попоски со убави вести: По новите врнежи, конечно ни доаѓа пролетта и потопло време, еве кога

– Од утре, па во следните неколку денови потоа во Македонија следува период на променливо време со повремени сончеви периоди. Од утре попладне па натаму ќе има и повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен, а особено во јужните предели и со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

На планините ќе има повремени врнежи од СНЕГ.

Особено во јужните предели и тоа во недела се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (до околу 20 л/м2).

Температурите и понатаму ќе бидат потпросечни за овој период од годината и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени.

Во Скопје исто така од утре следува период на променливо време со појава на повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 13 степени.

РАНА НАЈАВА:  Ако вака останат работите, вистинското пролетно време со МНОГУ ПОВИСОКИ температури на воздухот, но и многу повеќе сонце без врнежи ни доаѓа од средината на следната седмица – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....