22:32 - 11 јануари, 2026

Попоски: Следуваат нови непогоди по силното невреме во Кочани и Крива Паланка, проверете ја новата детална метео-анализа

Кочани погодено од СИЛНО НЕВРЕМЕ и ПОПЛАВУВАЊА. Овој македонски град, како и повеќе места низ државава во текот на изминатите часови беа зафатени од голема влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, истата услови поројни врнежи од дожд, силен ветер, електрични празнења и локална појава на град. Локално овие процеси беа во форма на НЕВРЕМЕ.

Големо невреме имаше и во Крива Паланка, токму во овој македонски град за релативно кратко време наврнаа дури 46 литри дожд.

Под влијание на циклонот од Средоземјето, се до крајот на оваа седмница времето во Македонија ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНО и со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на ИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, ГОЛЕМО количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.

Токму поради ова, АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, како и да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја во случај на појава на електрични празнења. Дури е можно и излевање на некои од реките низ Македонија, особено оние помалите.

Локално до самиот крај на оваа седмица ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 60/70 л.м2). Постои опасност од нови локални и големи поројни поплави и штети.

Во Скопскиот регион исто така ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината исто така е можна појава на НЕВРЕМЕ и поплавувања.

Температурите на воздухот нема многу да се менуваат и речиси насекаде ќе бидат над 20 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие повремено ќе достигнуваат и до 28 степени- вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Видео) Сека Алексиќ им одржа лекција на многу мажи: Пејачката ја фати лопата и сама го исчисти снегот пред куќата

Еспресо

Аца Лукас доживеал драма после настап, едно лице приведено: Се обидоа да ме убијат мене и мојот возач

Еспресо

„Попрво сум за врска за една ноќ отколку четврти брак“: Наташа Беквалац отворено зборуваше за љубовниот живот

Еспресо

(Фото) Помладата ќерка на Здравко Чолиќ го покажа новиот изглед: Лара направи естетска корекција на носот и устата

Еспресо

(Фото) Само 3.000 евра во рака: Ѓина Џиновиќ се прошета со луксузен моден додаток низ Барселона

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Пеѓа Јовановиќ: Неговата сопруга се обрати со емотивни зборови, објави досега невидени семејни фотографии

Еспресо
Се вчитува....