08:33 - 6 април, 2026

Попоски најавува натпросечни температури до 20 степени, еве кога ќе уживаме во пролетно сонце!

– Под влијание на ТОПЛА воздушна маса од југ во периодот кој што ни следува времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет.

Во петок и во недела ќе има повремени врнежи од дожд, кој особено во недела ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и проследени со умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

Наутро температурите ќе бидат во пораст и над нулата.  Натпросечно високи ќе бидат и максималните дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи до 20 степени.

Во Скопје и околината продолжува натпросечното топло време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Наутро температурите ќе бидат претежно над нулата, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 18 степени.

Натпросечно топло е во цела југоисточна Европа, додека во северните, северозападните и североисточните предели од континентот температурите се под просечкот за овој период од годината и има снег и мраз – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....